|
„В И С Л А”
Во Македонија некаде во шеесетите години на минатиот век почна да се формира македонската полонија од полски државјани, кои судбината ги довела да живеат во Македонија. Истовремено, по грчката граѓанска војна, многу Македонци, кои времено прибежиште нашле во Полска, кон крајот на шеесетите и седумдесеттите години се враќаат и се населуваат во просторот на денешна Република Македонија. Ете токму тие луѓе, помогнати од Македонците кои со симпатии гледаа кон Полска, на почетокот на деведесеттите години се самоорганизираа во неформално македонско-полското културно друштво. Но, со текот на времето се јави потребата за официјализирање на работата на оваа група граѓани, па токму затоа во јуни 1993 година е свикано Иницијативно собрание за формирање на Друштвото за македонско-полско пријателство и соработка “Висла” по што веќе на 28 август тоа беше и официјално регистрирано.
Организациската структура на “Висла” е повеќеслојна. Пред се, постои Друштвото чие седиште е во Скопје. Во исто време постојат регистрирани разграноци на Друштвото во Битола, Прилеп, Тетово, Кочани и Струмица. Парарелно со оваа организациската структура постојат и таканаречените полски клубови “Полонија” (Скопје, Битола, Прилеп, Тетово), кои својата работа ја реализираат во рамките на активностите на “Висла”. Со овие клубови за цело време на нивното постоење раководат Полјаци и нивната активност, пред се, е насочена кон негувањето на полскиот јазик, култура и традиција. Од таму ако Друштвото и неговите разграноци се задолжени за креирање на генералната политика - полските клубови се истурени единици во кои егзистира полската нишка на нашето дружење. |